Мирослав Л. Ѓорѓевиќ

Проф. д-р по урологија

Светски познат експерт за урологија, водечки хирург за транссексуална хирургија со искуство од 25 години.

Над 15.000 успешни генитоуринарни реконструктивни интервенции кај деца и возрасни.

Повеќе од 1.000 операции за промена на полот.

ТРАНССЕКСУАЛИЗАМ

Тоа е повеќе од операција, тоа е прашање на правo.

Мирослав Л. Ѓорѓевиќ

Транссексуализам или полова инконгруенција претставува состојба во која одредениот  пол на личноста при раѓање е во конфликт со нејзиниот психолошки пол. Трансродовите лица имаат силна желба да бидат прифатени како лица од спротивниот пол, и анатомски и функционално. Светското професионално здружение за здравјето на трансродовите лица (WPATH) објави стандарди за третман, наменети за сите експерти кои работат со транссексуалци. Нивната цел е да на безбеден и ефикасен начин да се постигне хармонија со родениот идентитет на личноста, со цел да се подобрат нејзините севкупни здравствени, психосексуални и психосоцијални аспекти на животот. Затоа, мултидисциплинарниот третман бара заеднички тимски пристап на психијатар, ендокринолог и тим одговорен за хируршка промена на полот.

 

ОПЕРАЦИЈА ЗА ПОТВРДА НА ПОЛОТ

Операцијата за потврда на полот е последниот чекор во транзицијата на пациентот и опфаќа хируршки процедури кои ќе го преобликуваат телото со цел да се постигне изглед на посакуваниот пол.

ГЕНИТОУРИНАРНА РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА

Уролошкиот тим на „Аџибадем Систина“ заедно со професор д-р Мирослав Ѓорѓевиќ изведуваат хируршки интервенции за најкомплицираните вродени (тешка хипоспадија, еписпадија, искривување на пенисот, везикоуретрална рефлуксна болест) и стекнати (Пејрониева болест, стеснување на мочниот канал, пенилна траума, карцином на пенисот, имплантација на пенилна протеза за еректилна дисфункција) аномалии на генитоуринарниот тракт.

Потребни ви се повеќе информации? Консултирајте се со нашиот уролошки тим

СВЕДОШТВА

Ви благодариме за она што го правите, чудата за кои постои надеж се претвораат во реалност. Ви благодарам што му помогнавте на мојот син кој имаше проблем со хипоспадија и му дадовте шанса за нормален живот!

Александра

Украина

Професорот Мирослав Ѓорѓевиќ е еден од најдобрите водечки хирурзи во областа на реконструктивна и естетска генитална хирургија, чии извонредни достигнувања отворија нови хоризонти. Тој е толку љубезен и великодушен да ги споделува најновите случувања со сите заинтересирани хирурзи ширум светот. Јас лично научив многу од неговите професионални техники и никогаш нема да ја заборавам неговата соработка и љубезност.

д-р Шахрох Сахаи

Иран

Можам да кажам само најдобри зборови за д-р Мирослав и неговиот одличен тим. Поминаа 3 месеци од мојата операција и се чувствувам прекрасно. Тие се одлични луѓе, најдобри хирурзи, со голема одговорност за пациентите, и познавања за овој многу тежок медицински проблем.

Анѓела

Прочитај повеќе
Scroll Up